еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Оливер Вархеји, еврокомесарот за проширување, кој најавува можно разделување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ

За неколку дена еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји два пати најавува можно разделување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, оти нашата земја не се договорила со соседна Бугарија.

Пораката деновиве ја испрати и од Скопје каде донесе 4.850 вакцини против Ковид-19, првата помош од ЕУ во вакцини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји

Секако имајќи го во предвид досегашното искуство со ЕУ, наивно е да се верува дека зад оваа најава стои само тој, а времето ќе покаже за кој СЕ всушност „игра“.

Кој е Вархеји

Роден е во март 1972 година во Сегед, Унгарија.

Тој е адвокат и дипломат и актуелен европски комесар за соседство и проширување.

Образование

Според неговата официјална биографија, Вархеји е магистер по европски правни студии, кои ги завршил на Универзитетот Алборг во Данска во 1994 година, а дипломирал право на Универзитетот во Сегед, во 1996 година.

Во 2005 година го положи правосудниот испит.

Политичка кариера

Својата политичка кариера ја започнал во унгарската јавна администрација во 1996 година во Министерството за индустрија и трговија.

Потоа работи во Министерството за надворешни работи, каде работел на усогласување на унгарското законодавството со онаа на ЕУ, пред Унгарија да стане членка на ЕУ.

Како правен советник станува дел од унгарската мисија во ЕУ во Брисел, откако земјата станува дел од Унијата. Бил и шеф на одделот за право на ЕУ во унгарското Министерство за правда.

Потоа се враќа во унгарската надворешна служба, како заменик-шеф, а од 2015 година го води претставништво во Брисел, како амбасадор.

Како амбасадор во ЕУ се сметаше за многу лојален кон унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој во 2019 година го предлага за европски комесар од Унгарија во Европската Комисија.

На неговото сослушување за актуелната функција, Вархеји не собра две третини од гласовите, па доби дополнителни писмени прашања од европратениците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Раздвојување на Македонија и Албанија можно сценарио, потврдуваат од Европската Комисија

Германија и Словачка бараат Скопје и Тирана заедно да ги почнат преговорите со ЕУ во јуни

Во ЕУ дипломатијата нема волја за одвојување на Албанија и Македонија

ЕУ не подготвува раздвојување на Македонија и Албанија, тврдат високи извори во Европската Комисија

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска бара Мерко кривично да се гони за отуѓување на земјиште во центарот на Струга

Редакција

Скопје, Гостивар и Куманово во 4 фаза, Тетово, Штип, Берово и Делчево во трета: Проценка за ширење на Ковид-19

Редакција

За 24 регистрирани нови 329 случаи на Ковид-19

Редакција