еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кога и за кого ќе има трета доза во Македонија

Германија и Франција се меѓу последните земји кои најавија трета доза на вакцина против Ковид-19.

Во исто време пак од Светската здравствена организација (СЗО) стигна барање да се стави мораториум за користење на трета доза, барем до крајот на месецов, за да се постигне некаква рамнотежа во вакцинирањето низ светот, имајќи го во предвид нискиот степен на вакцинација во некои земји, како и фактот дека некаде овој процес воопшто не е ни почнат.

Во регионов третата доза се дава во Србија, каде деновиве меѓудругото се актуелни и апелите на тамошни експерти дека лицата над 50 години, кои се вакцинирале со кинески вакцини, да земаат трета доза на вакцина од „Фајзер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лицата кои се вакцинирале со „Синофарм“ под итно да се вакцинираат со трета доза, вели директорот на Клиничкиот центар во Ниш

Кога третата доза ќе биде достапна во Македонија?

И домашните експерти за одредена група на лица препорачуваат трета доза, а меѓу нив е и доктор Никола Пановски, кој смета дека лицата кои се вакцинирале со кинески вакцини треба да земат и трета доза од „Фајзер“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Пановски: Тие што се вакцинирале со кинеските вакцини, како трета доза веројатно треба да ја примат вакцината на „Фајзер“

Во Македонија се чекаат препораките од Европската агенција за лекови (ЕМА), како и од производителите на вакцини, за да се одлучи дали, кога и на кои лица ќе им се препорача трета доза вакцина.

“Се уште траат испитувањата за тоа каков ефект има третата доза врз создавање на отпор кон вирусот.

Американската агенција ФДА има дадено препорака за трета доза на “Фајзер“ вакцина кај имунокомпромитирани пациенти, како и пациенти коишто имаат трансплантации или пациенти коишто се на дијализа.

ЕМА се уште ја нема дадено таа препорака. Ги очекуваме препораките, како од производителите, така и од големите клинички студии.

Тоа што во овој момент го знаеме е дека трета, бустер доза од производителот “Фајзер“, значајно ја зголемува ефикасноста“, велат од Министерството за здравство за еМагазин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израел: Тие што нема да примат трета доза за 6 месеци по втората, ќе се сметаат за невакцинирани

Третата доза може да почека: Експертите советуваат најпрво да се имунизираат невакцинираните

Според СЗО не е потребна трета доза вакцина

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанкулоска спроведена во затворот Идризово, каде што треба да лежи четири години

Редакција

Судска медицина ќе ја утврдува причината за смртта на бебето во Охрид

Редакција

Смртна казна за луѓето и екосистемите: Просечната температура во светот сруши рекорд

Редакција