еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои министри заминуваат: Димитров нема да биде дел од новата Влада

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров нема да биде дел од новата Влада, предложена од лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

На местото на Димитров е предложен Бојан Маричиќ, актуелниот министер за правда.

„Маричиќ, според мене, и според одлуката на Централниот одбор, ги поседува сите професионални и академски квалитети кои што ги има стекнато во процесот на образование во универзитет и надвор од државата, во областа на евроинтеграциите и сметам дека неговата улога и неговата работа во делот на евроинтеграциите ќе биде попродуктивна и поефективна,“ изјави Ковачевски.

На местото на досегашната министерка за одбрана, Радмила Шекеринска предложена е Славјанка Петровска.

На местото на досегашната министерка за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, предложена е Јована Тренчовска.

Досегашната министерка за култура Ирена Стефоска ќе ја замени Бисера Костадинова Стојчевска.

Заминува и министерот за здравство, Венко Филипче, на чие место доаѓа кадарот на Алтернатива, Беким Сали.

Министерка нема да биде ни Мила Царовска, а на нејзино место во Министерството за образование и наука доаѓа кадарот на ДУИ, Јетон Шаќири.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се старо-новите министри на СДСМ: Тупанчевски за правда, Петровска за одбрана, Грковска вицепремиер за борба против корупцијата

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Детален преглед: Најмногу починати од Ковид-19 во Скопје

Редакција

Кривична од Антикорупциска за Мерко, незаконски поставил директорка на училиште во Струга

Редакција

Дизелот поскапува за три денари, цената на бензините останува иста

Редакција