еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се новите советници и надворешни соработници на премиерот Зоран Заев?

Листата на советници  и надворешни соработници на премиерот Зоран Заев се зголеми за вкупно десет лица, од 23 на 29.

Поранешниот министер Аксел Ахмедовски стана советник за правни прашања, а неговиот колега Едмонд Адеми е нов советник за надворешни работи.

Поранешниот директор на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов ќе го советува премиерот за земјоделство и безбедност на храна, а Зоран Ѓорѓиев од „Македонски шуми“ стана советник за спроведување реформи во шумарството.

Поранешниот  директор на АД за „Аеродромски услуги“, Виктор Петрушевски е нов советник за локална самоуправа.

Силвија Митевска стана советник за спорт, а водителката Елена Митева за организација на медиумски активности.

Сите советници ќе добиваат плата од 55.268 денари.

Меѓу новите имиња на листата ндворешни соработници е и Спасе Додевски, кој стана надворешен соработник за унапредување на образованието, здравствената и социјалната заштита за плата од 46.000 денари.

Драган Василевски е надворешен соработник за одбрана за плата од 40.000 денари, а за истата плата Дејан Николовски ќе го советува премиерот за инвестиции помеѓу општините и Владата.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судење за „Рекет“: Боки 13 се пожали на болки, судијката повика Брза помош

Редакција

Нови 464 случаи на Ковид-19, во Скопје 225

Редакција

(Фото-галерија): Јубилејни 70 години Национален парк Пелистер

Редакција