еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Веганка и активистка за правата на животните: Која е Радмила Пешева, новата директорка на ЈП „Лајка“

Радмила Пешева е новиот в.д. директор на ЈП „Лајка“ Скопје.

Таа доаѓа на местото на Воислав Димитровски, кој поднесе оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите в.д. директори на јавните претпријатија во Скопје

Која е Пешева

Радмила Пешева е активистка за правата на животните и е основач и потпретседателка на здружението Анима Мунди.

Како што информираа од здружението, Пешева е носечки активист за правата на животните од нивното основање во 2009 година, е борец кој не се откажува и е сопственик/вдомувач на повеќе животни, сите стерилизирани, спасени од улица.

„Знае дека животните се свесни, интелигентни, чувствителни живи битија, а не комунален смет кој грубо треба да се отстрани. Третманот на бездомните животни беше и остана нашата примарна борба“, посочија од здружението поздравувајќи ја одлуката на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, за нејзиното поставување.

“Ова е прв пат да се назначи активист за директор на јавно претпријатие кое е директно одговорно за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на нивната популацијата, за што ѝ благодариме на довербата на градоначалничката Данела Арсовска.

Пред сè, ова е огромна одговорност и предизвик, особено во услови на повеќе од ограничени финансиски ресурси и криза“, велат од здружението.

Пешева е веганка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ, се здружува со “Огнената група“ на ДУИ и ГРОМ?

Кој е Крсте Петревски, генералниот секретар на ГРОМ, кој е новиот директор на Градски паркинг

Каков имот пријавил Воислав Димитровски, директор на ЈП Лајка, кој поднесе оставка

Фото: Лајка/Фејсбук/Анима Мунди

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Затвор за газдите што зеле субвенции, а не дале плата на работниците

Редакција

Најголем дел на возраст од 30 до 39 години, повеќе жени, детали за новозаразените со коронавирусот во Македонија

Редакција

Микробиологот Пановски смета дека пикот на заразата со корона вирусот е поминат

Редакција