еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Крсте Петревски, генералниот секретар на ГРОМ, кој е новиот директор на Градски паркинг

Крсте Петревски, генералниот секретар на ГРОМ е новиот в.д.директор на ЈП Градски паркинг Скопје.

Тој доаѓа на местото на Бојан Христовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите в.д. директори на јавните претпријатија во Скопје

Кој е Петревски

Крсте Петревски е роден во август 1967 година во Гостивар, а од 1998 година живее во Скопје.

По образование е дипломиран економист.

Работно искуство

Според неговата партиска биографија во 1990 година бил трговски соработник одговорен за промоција на производители од Југославија на пазарите во сите поранешни земји на Советскиот Сојуз во рамки на Комерцијално трговско биро на СФР Југославија во Москва, Русија.

Во 1993 година бил заменик менаџер во Dobra Holding s LTD, Кипар, преставништво Москва, одговорен за увоз и извоз на текстилни производи, обувки, хемија и храна.

Во 2003 година бил извршен директор и косопственик на Палсоник Балкан ДОО Скопје.

Во 2010 г.одина работел во Algida, Unilever.

Во 2014 година бил извршен директор и косопственик во Маком ДОО Скопје.

Моментално работи во EBRD.

Партиски активности

Според неговата биографија активно бил вклучен во работата и дејствувањето на партијата од нејзиното основање па се до денес, особено во општинската организација на ГРОМ-Кисела Вода, која ја раководел од 2014 до 2017 година.

Во 2017 година е избран за член на Извршниот одбор на партијата.

Од 24.03.2021 година е избран за генерален секретар на Граѓанска опција за Македонија – ГРОМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ, се здружува со “Огнената група“ на ДУИ и ГРОМ?

Веганка и активистка за правата на животните: Која е Радмила Пешева, новата директорка на ЈП „Лајка“

Каков имот пријавил Бојан Христовски, директорот на „Градски паркинг“ – Скопје, кој поднесе оставка

Фото: Фејсбук/Петревски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за одбрана вработува психолози

Редакција

Во тек е трилатералната средба на Борел и Лајчак со Вучиќ и Курти во Охрид

Редакција

Солидарен данок не платиле 52 компании, ќе им бидат блокирани сметките на 24. ноември

Редакција