еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Логистичкиот центар на „Лидл“ во Македонија ќе биде во Куманово?

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски откри дека Општината Куманово е во интензивни преговори со компанијата „Лидл“ за да таму го гради нивниот логистички центар на локација во индустриската зона Новини и Речица во Куманово.

Како што информираше Димитриевски на седница на Советот на Општината, за оваа е информирана и Владата, а моментално се бара начин на оваа локација да се укрупнат парцелите, бидејќи се работи за огромна површина, околу 20 хектари земјиште на која треба да биде изграден логистичкиот центар.

Станува збор за инвестиција од 75 до 80 милиони евра, а се планираат околу 300 вработувања.

Тој информираше и дека веќе има добиено две писма со намера за инвестиција од страна на „Лидл“ во Куманово.

„Треба да се оформи парцелата, самото земјиште кое иако е урбанизирано, е на користење на фирма која се занимава со земјоделство. Ја завршивме таа постапка, сега имаме мали проблеми со заштитниот зелен појас во рамки на парцелата, но верувам дека оваа за нас многу важна инвестиција ќе се реализира.

Ако последната продажба на земјиште беше 15,7 евра за метар квадратен, а сега треба да се продадат 200 илјади квадратни метри, пресметајте колку пари ќе влезат во буџетот на Општина Куманово која добива 80% од тие средства. Тоа е една сериозна основа за следните капитални инвестиции за развој на градот “, рече Димитриевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидил се подготвува за отварање на првите маркети во Македонија, објавен оглас за вработувања

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркет во Кисела Вода – во опција се неколку локации, но и отворање на регионален центар

„Лидл“ во Македонија ќе отвори маркети во осум градови

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Инбох“ го доби тендерот на ПИОМ за дигитализација на микрофилмска документација вреден 297.000 евра

Редакција

Дигиталните ковид-сертификати во ЕУ остануваат на сила уште една година

Редакција

Во Велес загина 11-годишно девојче, а нејзината мајка се здоби со тешки повреди, откако автомобил удри во нив, по возачот се трага

Редакција