еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лидил се подготвува за отварање на првите маркети во Македонија, објавен оглас за вработувања

Германскиот ланец на супермаркети “Лидл“ се подготвува за отварање на првите маркети во Македонија.

Компанијата објави оглас за вработување на продажен специјалист, сметководител, бренд стратег и специјалист за човечки ресурси.

Според последните објавени официјални информации од минатата година, „Лидл“ во Македонија ќе влезе преку бугарската ќерка фирма и треба да инвестира 300 милиони евра.

Беше најавено дека ќе отвори маркети во осум градови, а во Скопје треба да отвори неколку маркети, а една од локациите може да биде општината Кисела Вода.

Компанијата регистрираше фирма во Македонија, лани во април.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркет во Кисела Вода – во опција се неколку локации, но и отворање на регионален центар

„Лидл“ во Македонија ќе отвори маркети во осум градови

„Лидл“ регистрираше компанија во Македонија, менаџментот на средба со Заев, Бочварски и Шилегов

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Интерпромет од Тетово со намалена добивка во првите девет месеци

Редакција

Судење за „Софтвери“: Државата бара 1,4 милион денари оштетување од обвинетите

Редакција

Пристигна втората пратка вакцини од Србија од 3.510 дози

Редакција