еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пристигна втората пратка вакцини од Србија од 3.510 дози

Министерот за здравство Венко Филипче денеска на граничниот премин Табановце ја пречека делегацијата предводена од неговиот српски колега Златибор Лончар, кој му ја предаде втората пратка од осумте илјади вакцини од компанијата „Фајзер“.

„Денеска донесовме 3.510  дози на вакцини за граѓаните на С.Македонија што заедно со првата пратка изнесува вкупно 8.190 дози. Исклучително ми е драго што сме во можност да им помогнеме на нашите соседи и пријатели.

Од министерот разбрав дека вакцинацијата е почната, дека ќе продолжите понатаму. Она што посакуваме е и вие да бидете безбедни, вашите граѓани што помалку да се разболуваат и кога вие ќе имате подобра ситуација, ќе имаме и сите ние и регионот.

Тоа е нашата цел, ќе гледаме и понатаму да помагаме. Ова е поздрав од сите граѓани на Србија од претседателот Вучиќ. Продолжуваме понатаму,“ рече Лончар.

Филипче изјави дека овој чин на солидарност кој беше на иницијатива на Заев и Вучиќ сега се реализира и во втората фаза како што беше најавено.

Со добиените вакцини е започнат кај нас процесот на имунизација на здравствените работници и тој, како што посочи Филипче, засега се одвива одлично, во еден пункт со шест места во Клиничкиот центар во Скопје.

Досега се вакцинирани околу 1.300 здравствени работници со динамика од 250 – 300 на ден, која ќе продолжи и понатаму.

„Оваа количина вакцини ќе биде доволна да се вакцинираат сите здравствени работници во нашата земја кои се во приоритетната група за имунизација, а тоа се здравствените работници кои од почетокот на кризата  работат со пациенти заболени од Ковид,“ додаде Филипче.

На новинарско прашање српскиот министер за здравство изјави дека досега во Србија се набавени преку два милиони дози вакцини, и тоа од четири производители  „Фајзер“, „Астра Зенека“, „Синофарм“ и „Спутник“. Досега се вакцинирани повеќе од милион лица, а дел се и ревакцинирани со втората доза.

„Наша цел е да вакцинираме преку 2,5 милиони луѓе и она што сакам да го порачам од нашите искуства е дека кога ќе се прими првата доза вакцина нема опуштање.

Некои вакцини побрзо создаваат антитела, некои поспоро, но мора да се води сметка и да се почитуваат мерките за заштита. Имаме еден број луѓе кои се заразуваат по првата доза, бидејќи немаат доволно развиено антитела,“ рече Лончар.

Во однос на сумата потрошена за набавка на вакцините, истакна дека договорите се доверливи на барање на компаниите, но рече дека сигурно не се евтини, и оти не станува збор за пари во моментов, туку за тоа дека вакцини на пазарот нема.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Најубавите фасади во Европа се во Скопје, изработени од PMG Construction, велат од ССК

Редакција

Новини за престојните избори: Кандидатите за пратеници ќе можат да собираат потписи и на нотар

Редакција

Починаа 29 лица од Ковид-19, најмладиот на 38-годишна возраст

Редакција