еМагазин
Image default
Македонија

Дел од медицинскиот персонал на Заводот за кардиваскуларни болести во Охрид инфициран со Ковид-19

Дел од лекарите и медицинскиот персонал од Специјализираната болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Св. Стефан“ во Охрид се заразени со британскиот сој на коронавирусот, што во значајна мера ја отежнува дејноста на институцијата.

Според информациите, состојбата во болницата е комплексна, но установата останува отворена за пациентите и итните случаи.

„Последниве денови сведоци сме на зголемен број на Ковид-19 позитивни во целата земја, а Охрид е еден од најпогодените градови. Веќе неколку недели сме помеѓу градовите со највисок број на активни случаи на број на жители во земјата.

Од неодамна, од Министерството за здравство имаме и официјални податици дека во Охрид и регионот е изразено висока застапеноста на „британската мутација”, која се одликува со значајно повисока преносливост.

Ваквата состојба, за жал, не не заобиколи и нас како установа која непрекинато ја врши својата дејност во услови на пандемија, но неколку месеци наназад во посебен оддел третира и ковид-пациенти.

Сакаме да потенцираме дека во ковид-одделот кај нас се третираат најкомплексни пациенти од целиот регион и многу од нив имаа потреба од неинвазивна и инвазивна респираторна подршка.

Но, и покрај се, ги информираме нашите пациенти дека непречено ќе функционира згрижувањето на сите итни случаи и Салата за интервентна кардиологија ќе биде на располагање 24/7 во функција на третирање на сериозни и животозагрозувачки состојби.

И натаму, ќе работи ургентна амбуланта за оние кои имаат потреба од итен преглед„, се наведува во соопштението од Заводот.

Истовремено се упатува апел до пациентите да бидат внимателни, да избегнуваат ризични контакти и да останат дома до постигнување на колективна имунизација.

МИА/Фото: Photo by CDC on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ: Протест против мафијата на Заев и поскапа струја денеска во 18 часот

Редакција

Прогласена епидемија на морбили во скопско Радишани, досега заболени шест лица

Редакција

Заев: Ќе се најдеме во непријатна состојба ако не се донесе законот за Јавно обвинителство

Редакција