еМагазин
Image default
Бизнис

Интерпромет од Тетово со намалена добивка во првите девет месеци

Интерпромет АД Тетово во периодот од 01.01 до 30.09.2022 година оствари приходи од 17.425 илјади денари, кои се за 451 илјади денари поголеми од приходите во истиот период од минатата 2021 година, кога тие изнесувале 16.974 илјади денари, информираат од компанијата преку Македонската берза.

„Друштвото оствари позитивен финансиски резултат во бруто износ од 87 илјади денари наспроти бруто добивката во истиот период за предходната 2021 година во износ од 3.645 илјади денари, што претставува намалување или нето добивка помала за 3.202 илјади денари.

Ова намалувавање се должи на статусната промена – поделба на Друштвото со издвојување со основање на ново трговско друштво“, велат од Друштвото

Во периодот од 01.01 до 31.09.2022 година Друштвото оствари расходи во износ од 17.338 илјади денари, кои се за 4.009 илјади поголеми од расходите во истиот период за минатата 2021 година, кога тие изнесувале 13.329 илјади денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тетовски Интерпромет ставен на „Листата за набљудување“ на Македонската берза

Тетовски Интерпромет ги објави примањата на менаџменот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Малиќи Груп“ станува холдинг со десет компании

Редакција

Најмалку штеделе во здравство, МНР и одбрана: Државните институции во септември заштедиле вкупно 20% струја

Редакција

Горивата поевтинуваат од 1,5 до два денари за литар

Редакција