еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Во тек е трилатералната средба на Борел и Лајчак со Вучиќ и Курти во Охрид

Во Охрид попладнево почна трилатералната средба на претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти, со претставниците на Европската унија, високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел и специјалниот претставник на Брисел за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

На средбата и претходеа одвоени билатерални средби на Вучиќ и на Курти со Борел и со Лајчак.

Најавено е дека Борел по денешната рунда од дијалогот меѓу Белград и Приштина во Охрид ќе се обрати пред медиумите и ќе ги информира за резултатите од разговорите, но нема да одговара на прашања.

Портпаролот на ЕУ, Петер Стано појасни дека станува збор за „вообичаена практика“ што се применува после секоја рунда од дијалогот во Брисел. Стано рече дека не знае кога ќе завршат денешните средби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема готов текст, следствено нема договор, вели Курти

Вучиќ од Охрид: Ковачевски добар домаќин кој сака да придонесе кон конструктивното продолжување на дијалогот

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Роби „Телекабел“: 23 години постојан раст во држава како Македонија, значат и години на немир, проблеми, притисоци, закани

Редакција

Обвинителство нареди ексхумација и обдукција на телото на 25-годишниот беровчанец

Редакција

Истражување: Во следната деценија се очекува значителен раст на цените на недвижниот имот во целиот свет

Редакција