еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Обвинителство нареди ексхумација и обдукција на телото на 25-годишниот беровчанец

Основното јавно обвинителство Штип, по објавени информации на социјалните мрежи и во медиумите, оформи предмет по допрен глас со цел да ги утврди причините за смртта на пациент од Берово, кој бил третиран во ЈЗУ Клиничка болница Штип.

-Надлежниот јавен обвинител издаде повеќе наредби до МВР-СВР Штип и до ОВР Берово со цел да се прибави целокупната медицинска документација околу текот на лекувањето на починатото лице од сите приватни и јавни здравствени установи и ординации каде пациентот побарал лекарска помош.

Исто така, полицијата е задолжена да изврши разговори со лекарите и со останатиот медицински персонал кој постапувал, како и со членови на семејството на пoчинатиот пациент.

Јавниот обвинител, согласно член 236 и член 246 од Законот за кривична постапка, денеска издаде Наредба за ексхумација, обдукција и идентификација на телото на починатото лице, која ќе ја изврши Институтот за судска медицина – Скопје, информираат од таму.

Обвинителството постапува со цел да ги испита наводите за евентуална лекарска грешка при третманот на сега починатото лице.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор секаде каде што момчето од Берово побарало помош

Детали за 25-годишниот пациент од Берово, кој почина од сепса: На Ургентен во Скопје бил примен во многу тешка состојба, со знаци за тешка системска инфекција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Два дена министерка, одма ребаланс. Што ти е Групер искуство!“: Твитер реакции за ребалансот на буџетот

Редакција

Петков го повика Радев да свика Совет за национална безбедност за преговорите со Македонија

Редакција

Сведок на судењето за „Таргет-Тврдина”: Во УБК во 2012 имаше четири уреди за следење на комуникации

Редакција