Претседателот Стево Пендаровски за емисијата 24 анализа на ТВ 24 изјави дека има координирана државна политика меѓу бугарските власти и Бугарската православна црква (БПЦ), откако Синодот на БПЦ вчера соопшти дека ја прифатил одлуката на Вселенската Патријаршија за примање на МПЦ-ОА во канонско единство, но наведе дека „за името на црквата во Северна Македонија допрва ќе се разгледува“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарската црква ја призна македонската црква, за името допрва ќе одлучува
-Денеска ја видов одлуката на БПЦ дека ја признаваат црквата на Северна Македонија. Замислете дека безобразието оди до таму, да последната реченица од тоа кусо соопштение вели дека ќе размислиме околу дефинитивното име. Тие велат дека ја признаваат црквата во Северна Македонија, а за нејзиното име ќе размислиме во следниот период. Кои сте вие да размислувате?, рече Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија со пет нови барања за измени во францускиот предлог