Како што неодамна пишуваше еМагазин, Дмитриj Зиков е новиот руски амбасадор во Македонија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дмитриј Зиков и официјално нов амбасадор на Русија во Македонија
Тој претходно со указ на рускиот претседател Владимир Путин беше именуван за нов извонреден и ополномоштен амбасадор.
Доаѓа на местото на Сергеј Баздников, кој беше разрешен, а беше руски амбасадор во Македонија од 2018 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин го разреши амбасадорот во Македонија, Баздников
Кој е Зиков
Зиков е роден на 9. декември 1968 година.
Во 1992 година дипломирал на Институтот за земјите од Азија и Африка при Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“.
Зборува англиски, турски и француски јазик.
Има дипломатски ранг Вонреден и Ополномоштен Министер од I класа.
Работно искуство
Во системот на руското министерство за надворешни работи (МНР) е од 1997 година.
Извршувал различни должности во централниот апарат на МНР на Руската Федерација и во странство.
Работел во амбасадите на Русија во Азербејџан (1997-2001 година), Турција (2005-2008 година), како и во Генералниот конзулат на Русија во Анталија, Турција (2004-2005 година).
Од 2009 до 2011 година бил раководител на Одделението во Четвртиот европски департман на МНР на Русија.
Од 2011 до 2016 година бил министер-советник во Амбасадата на Руската Федерација во Хрватска.
Од 2016 до 2025 година бил раководител на одделение, заменик-директор на Четвртиот европски департман на МНР на Русија.
Во 2025 година бил заменик-директор на Вториот европски департман на МНР на Русија.
Награден е со медал на Орденот „За заслуги пред Татковината“ од I степен (2018 година) и со низа други државни и ресорни награди.


На 3. април 2026 година ѝ ги предаде акредитивните писма на претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.
Приватно
Разведен е. Има две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Никол Варнс, в.д. амбасадорката на САД во Македонија
Фото: руска Амбасада/Кабинет на претседателката














