еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Колкава е опасноста од ширење на мајмунските сипаници: Објаснува доктор Даниловски

Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски за Нова Македонија објаснува дека не постои никаква опасност за ширење на болеста мајмунски сипаници низ општата популација, зашто, досега стана јасно дека случаите првенствено се групирани меѓу мажи кои имаат секс со други мажи, независно што секој може да го фати вирусот, и додава дека не треба да владее општа паника дека сите ќе се заразат со мајмунските сипаници.

– Загрижени (не испаничени) треба да си бидат припадниците на таа категорија на граѓани. Зашто, апсолутно доминантен пат на пренос е сексуалниот. И најважен фактор на ризик е големиот број сексуални партнери. Оттаму, логично е, каде лежи решението! Значи, потребно е да се направи кампања за редукција на бројот на сексуални партнери! Аналогно како што беа кампањите за СИДА, кога драстично падна бројот на заразени.

Но, тогаш главна мерка беше употреба на презервативите. Сега, тоа не помага, зашто преносот на мајмунските сипаници е со контакт кожа на кожа. А примарно место каде што се појавува исипот е кожата околу гениталиите и околу анусот. Од епидемиолошка гледна точка, тоа се препораките, вели Даниловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациентот сомнителен на мајмунски сипаници одбива да се тестира, нема законска можност да биде присилен

Мајмунските сипаници се пренесуваат преку близок контакт и не се шират лесно како Ковид-19, велат од СЗО

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Објавен видео запис „Воскресение во Бигорски манастир“

Редакција

Сите болни од туберкулоза во државата се хоспитализираат во болницата во Лешок

Редакција

Објавен е бројот на кол-центарот каде што може да се јавите ако имате симптоми на корона вирусот

Редакција