еМагазин
Image default
Бизнис

Колку пари чуваат граѓаните и фирмите во Комерцијална банка

Вкупните депозити (депозити на комитенти и депозити на банки) на Комерцијална банка АД Скопје во првите шест месеци достигнаа износ од 131.361,8 милиони денари и бележат зголемување од 0,2%, информираат од Банката преку Македонската берза.

„Планот е остварен со 98,7%. Врз состојбата на вкупните депозити во текот на првото полугодие влијание имаат следните настани: одливите на средства од сметките на енергетските компании на почетокот на годината заради зголемените цени на електричната енергија, распределбата на остатокот од стечајната маса на Еуростандард банка АД во стечај, повлекување на штедните влогови на домаќинствата во март како психолошка реакција на отпочнувањето на воениот конфликт во Укарина, и стабилизирање на состојбите во текот на мај и јуни и враќање на депозитите на домаќинствата на патеката на стабилен раст, што придонесе и за раст на вкупните депозити“, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка со зголемена добивка во првите шест месеци

Колкав промет оствариле акциите на Комерцијална банка, Алкалоид и НЛБ Банка за шест месеци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ултимус“ го намали сопственичкото учество во „Макошпед“

Редакција

„Луда Мара“ – нов вински бренд во портфолиото на „Тиквеш“

Редакција

Општина Гевгелија бара дел од колачот на бизнисот со казината

Редакција