еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Комисијата за заразни болести препорачува изолација на суспектни случаи со мајмунски сипаници

Комисијата за заразни болести (КЗБ) на денешниот состанок ја анализираше актуелната состојбата поврзана со појавата на суспектен случај на мајмунски сипаници во земјатам, информираат од Министерство за здравство.

„Беше констатирано дека сите надлежни институции се активно вклучени во процесот на епидемилошка анализа, лабораториска потврда и изолација на суспектниот случај.

Комисијата за заразни болести препорача воведување мерки изолација/карантин и тоа: изолација во домашни или болнички услови на сомнителните случаи за мајмунски сипаници до нивно тестирање, изолација на потврдени случаи во домашни или болнички услови до завршување на болеста или зацелување на крастите, секојдневно епидемиолошко следење на контакти на потврдени случаи со мајмунски сипаници за време на трење на инкубацискиот период од 21 ден.

КЗБ ја реафирмира препораката до Министерството за здравство да се преземат сите неопходни превентивни мерки,“ се вели во соопштението.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25-годишна девојка од Скопје пронајдена мртва во апартман во Стар Дојран

Редакција

ЕК е решена да започнат преговорите до крајот на оваа година, но не може да гарантира

Редакција

29 прекршувањa на полицискиот час, 544 казни за неносење маска

Редакција