еМагазин
Image default
Македонија

Конфедерацијата на слободни синдикати го прекина протестот, како што тврди, поради притисоци врз членството

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) го прекина за денеска најавениот протест во центарот на Скопје, поради, како што тврди, притисоци врз членството, по што доцна попладнево одржува состанок на раководството на кој одлучува дали од утре ќе продолжи со најавените протести.

КСС претходно најави дека од денеска ќе организира секојдневни протести во периодот од 16 до 17 часот пред Собранието и Владата, барајќи усогласување на платите во јавниот сектор со минималната плата.

Синдикатот бара зголемува на бодот на 103 денари во бруто износ со што најниската плата во јавниот сектор би била околу 18.200 денари и би се задржал распонот меѓу останатите плати. Не се согласуваат со Предлог-измените на Законот за административни службеници со кој, според нив, зголемувањето на платите би било од 100 до 200 денари.

Претседателот на КСС, Благоја Ралповски во изјава за МИА рече дека засега немаат најава за средба во Владата.

– Остануваме на нашите барања. Секојдневно ќе протестираме. Членството е крајно разочарано и се чувствува изманипулирано. Решението е многу едноставно, а тоа е членот 88 од Законот за административни службеници кој вели дека Владата го покачува бодот, вели Ралповски.

Според КСС, со овој проблем се засегнати околу 100 илјади работници во државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Секој ден протести на Конфедерацијата на слободни синдикати од 16 до 17 часот: Се бара усогласување на платите со минималната

МИА/Фото: Фејсбук/КСС

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ново рочиште за „ТНТ“, обвинетиот Трајковски доби адвокат по службена должност

Редакција

(Видео) Нова „бомба“ на Антонио Милошоски: „Заев договорал одлуки на Врховниот суд“

Редакција

Нови 409 случаи на Ковид-19 од 4.751 тестирања

Редакција