еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Нова „бомба“ на Антонио Милошоски: „Заев договорал одлуки на Врховниот суд“

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски денеска од партиското седиште објави нов аудио материјал, на кој како што вели, се слуша гласот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во разговор во кој очигледно се договараат одлуки на Врховниот суд.

„Станува збор за флангрантно мешање на извршната во судската власт и кршење на многу членови од Кривичниот законик“, обвини Милошоски.

Тој вели дека снимката ја добил од анонимен укажувач, а на транскриптот пишува дека станува збор за состанок во Владата во мај 2019 година, на кој присуствувал Заев, едно од лицата опфатени со „Рекет“ и непознато лице.

На снимката, која ја пушти Милошоски се слуша глас, кој наликува на тој на лидерот на СДСМ, а во неа тој се говори за поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, за одлуклите на Врховниот суд, за Законот за Специјалното јавно обвинителство (СЈО), преговорите, за материјални докази обезбедни врз основа на неовластени и недозволиви снимки, за поранешниот претседател на Врховниот суд, Јово Вангеловски, бизнисменот Сеад Кочан, за политичката битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ…

„Од самиот материјал може да се види дека Заев цело време бил во тесна и блиска соработка со Катица Јанева, која очигледно е дека без него не можела да одлучува или да постапува самоволно, и затоа може лесно да се заклучи дека Заев и Јанева биле во тесна координација и за самиот случај Рекет.

Третата работа ако внимателно видите Заев јасно посочува зошто му се брзаше на таков нелегален неделовнички начин да се донесе Законот за јавното обвинителство (ЈО) и зошто толку и очајно се залагаше да обезбеди 80 пратеници да гласаат за да не важат понатаму во иднина нелегално стекнати материјали кои би можеле да бидат употребени како докази против него во некоја идна постапка“, истакна Милошоски.

Тој вели дека овој разговор се однесувал на работата на СЈО, на тесната координација на поранешниот премиер со Врховниот суд при носење на одлуки поврзани со обвинителски предмети.

„Заев преку оваа снимка се покажува дека не бил само премиер, туку и врховен судија и специјален обвинител, тоа не е правна држава туку е хибриден режим каде еден човек ја злоупотребува извршната власт за да биде и обвинител и судија“, вели Милошоски.

На новинарско прашање дали е свесен дека со објавување на незаконски материјали може да заработи кривична пријава, па дури и да бидете притворен, Милошоски одговори дека е свесен дека „Заев и неговата фамилија имале влијание во Обвинителство и во политиката и наредувале во минатото кој треба или не треба да биде притворен“.

Тој вели дека во текот на преговорите за Законот за ЈО во работните групи, ВМРО-ДПМНЕ имала расположение прислушуваните разговори да се прифатат како индиции и докази засекогаш, а СДСМ го одбила тој предлог.

За снимката, која ја пушти на собраниска комисија и која веќе и ја предаде на обвинителката Вилма Русковска добил ветување дека ќе биде ставена на обработка во случајот за Меѓународниот сојуз и ќе биде направена проценка за потребната вредност.

„Тоа беше на моја иницијатива, се надевам по објавувањето на оваа снимка дека самото обвинителство ќе покаже иницијатива, но доколку затаи повторно, јас ќе ја повторам постапката и повторно на своја иницијатива ќе го доставам материјалот до ОЈО“, рече Милошоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Заев: Снимките на Милошоски веројатно се од разговори со групата исклучени пратеници од ВМРО-ДПМНЕ

Заев потврди дека неговиот глас е на „аудио-бомбата“ на Милошоски

Милошоски по средбата со Рускоска: Заев да даде исказ дали знаел за финансирањето на 1ТВ

(Фото) Антонио Милошоски ќе ја носи “бомбата“ за Заев, Боки 13 и „Рекет„ кај Русковска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Осуди од сите страни за „сочната“ изјава на премиерот Зоран Заев

Редакција

Починаа 14 лица од Ковид-19, вкупно до сега 5.211

Редакција

Двајца од новопочинатите од корона вирусот немале контакт со потврден случај, еден без претходни заболувања

Редакција