еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Kонфигурирајте го својот нов Volvo автомобил онлајн

На официјалната веб-страна на Volvo Cars, во функција е сосема нов, софистициран конфигуратор преку кој заинтересираните ќе можат онлајн да го конфигурираат својот нов Volvo автомобил.

Онлајн конфигураторот е можеби најкорисната алатка при избор на нов автомобил бидејќи ги нуди апсолутно сите стандардни и дополнителни опции за секој модел и секој клиент може на многу лесен начин, сосема сам да го креира својот нов Volvo.

Создавањето на автомобил според желбата и потребите на клиентот е многу лесно. Првите чекори вклучуваат бирање на модел, пакет на опрема, боја, а потоа се преминува на деталите: тркала, тапацир, внатрешен и надворешен изглед, како и многуте пакети на опционална опрема.

Од огромна помош при изборот за клиентите се и деталните објаснувања и спецификации за секоја понудена опција, а на крајот на постапката, клиентот веќе добива 3D модел на одбраниот автомобил и детална спецификација за сите ставки кои ги одбрал.

Понатаму, само еден клик го дели клиентот од барање за понуда со цена за одбраниот автомобил, како и барање за тест возење.

Сите барања стигнуваат директно кај тимот за продажба на Volvo Cars Macedonia кои одговараат веднаш и остваруваат контакт со клиентот за да закажат термин за тест возење.

Линк до конфигураторот: www.volvocars.com.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се отвори првото специјализирано училиште за ментална аритметика во Македонија – „Малац Генијалац“

Редакција

На 18-19 мај прв фестивал на улична храна “Вкусот на Скопје”!

Редакција

(Галерија) Избрани мажите на годината: Чадиковски, Димитров, Мукаетов, Јанески…

Редакција