еМагазин
Image default
Свет

„Кориере дела Сера“: Италијанска туристичка агенција нуди вакцина-туризам за Србија

Туристичка агенција од Болоња нуди пакет аранжман за сите Италијанци кои сакаат да се вакцинираат против Ковид-19 во Србија, пишува весникот „Кориере дела Сера“.

Сопственикот на агенцијата Умберто Салвадори сам го тестирал системот, ја одбрал вакцината и откако бил вакциниран во Белград, неговата агенција понуди пакет од четири дена.

Единствениот услов за патување е лицето да има потврда дека е регистрирано за вакцинација.

Агенцијата обезбеди локални водичи и преведувачи, сместување во хотел и туристичка тура низ Белград.

Цената на четиридневниот пакет за две лица е 500 евра, а тоа вклучува превоз со авион или автомобил, како и ковид-тест.

Тие, исто така, планираат патувања со вакцини во помали места во Србија, каде што, според сопственикот на агенцијата, има помала група пред центрите за вакцинација.

Сопственикот на агенцијата тврди дека интересот е огромен, дека нивните телефони постојано ѕвонат, заинтересирани се и компании од мала и средна големина, кои сакале да организираат имунизација за вработените, како дел од безбедноста при работа, нагласува весникот во иформацијата.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заканата од трета светска војна навистина постои и е сериозна, предупредува Лавров

Редакција

Руската рубља падна на 11-месечен минимум во однос на доларот

Редакција

(Видео) Корона вирусот може да доведе до нова Студена војна меѓу Кина и САД

Редакција