еМагазин
Image default
Балкан

Грција од понеделник ги отвора границите за неколку земји во кои брзо оди вакцинацијата

За неколку конкретни земји, во кои брзо напредува процесот на имунизација, Грција од понеделник ќе ги укине рестрикциите и туристите ќе можат или со сертификат за вакцинација или со негативен ПЦР тест да влезат во земјата.

Информацијата денеска ја потврди портпаролката на грчката Влада, Аристотелиа Пелони на редовниот брифинг со новинарите, која истакна дека за туристите ќе важат истите правила и рестрикции како и за грчките граѓани и нема да можат да патуваат од еден во друг регион, туку ќе треба да останат на нивната дестинација.

– Станува збор за некои земји, тоа е пилотско отворање, мини спроведување на „Green pass“ и се однесува на посетители кои може да дојдат или со сертификат за вакцинација или со негативен ПЦР тест направен 72 часа претходно.

За нив ќе важат истите ограничувања што важат и за грчките граѓани, рече Пелони и додаде дека во многу од овие земји постојат рестрикции за излез на граѓаните од нивните земји, па така „не се однесува на многу голем број на посетители“.

„Ројтерс“, повикувајќи се на анонимен висок претставник од грчката Влада, вчера објави дека од следната седмица за државјаните на земјите членки на ЕУ, на Велика Британија, САД, Србија, Израел и Обединетите Арапски Емирати, ќе се укине задолжителниот карантин по пристигнувањето, а ќе биде задолжитлен или сертификат за вакцинација или негативен ПЦР тест.

Целта на грчката Влада, според најавите и официјалните соопштенија, како што веќе има објавено МИА е отворање на туризмот на 14 мај.

МИА/Фото: Photo by Artiom Vallat on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Упад во Парламентот, солзавец, запалени полициски возила: Протест во Белград поради враќање на полицискиот час

Редакција

Ердоган: И верувам на Русија исто колку и на Западот

Редакција

Демонстрантните на протестот „Србија против насилство“ ја блокираа зградата на претседателот

Редакција