еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Косовската претседателка Османи-Садриу денеска во посета на Македонија

Косовската претседателка Вјоса Османи-Садриу денеска ќе допатува во официјална посета на земјава на покана на шефот на државата Стево Пендаровски.

Според најавата, по пречекот со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во кабинетот на претседателот, Османи-Садриу ќе има тет-а-тет средба со Пендаровски, по што предвиден е и пленарен состанок на делегациите на двете земји.

По средбата Пендаровски и Османи-Садриу ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.

За време на официјалната посета, Османи-Садриу ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери и премиерот Димитар Ковачевски, а ќе се обрати на свечена седница во Собранието.

Утре Османи-Садриу ќе престојува во Тетово, каде ќе се сретне со тетовскиот градоначалник Билал Касами.

Фото: Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со испитување на вештак, денеска продолжува судењето за несреќата кај Ласкарци

Редакција

Денеска завршува француското претседавање со ЕУ, ветото од Бугарија за Македонија остана

Редакција

62-годишен маж се самозадоволувал пред малолетничка, ја допрел и по телото

Редакција