еМагазин
Image default
Македонија

Ковачевски не кажува дали разговарал со Ахмети за случаите со Мерко и „Соравиа“

Премиерот Димитар Ковачевски денеска не одговори дали разговарал со лидерот на ДУИ, Али Ахмети за последните настани со ставањето на градоначалникот на ДУИ, Рамиз Мерко на црната листа на САД и обвинувањата за купувањето на зградата на „Соравиа“ во центарот на Скопје од страна на неговиот внук.

Премиерот упати сите прашања за случајот со Мерко да се бараат во Обвинителството и во судовите.

– Имав изјава во однос на градоначалникот на Струга и ги повикав сите надлежни институции во рамки на своите законски надлежности да делуваат за да го направат се она што е пропишано според закон. Владата не е ниту Обвинителство, ниту суд.

Второ, ме прашувате за внуци на друг политичар, за внуците на тој политичар, ќе го прашате тој политичар. Мене можете да ме прашате за моите внуци, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање пред трибината во Куманово.

За случајот со Мерко повтори дека наводите поради кои градоначалникот на Струга е ставен на црната листа на САД се сериозни.

–  На крај излезе дека веќе постоеле случаи во Обвинителството. Ќе отидете во Обвинителство ќе ги прашате. Обвинителството е независно, па во судовите. Таму се одговорите на прашања. Одговорите на прашањата не се во Владата, рече Ковачевски.

Во однос на барањето на Антикоруциската комисија за Законот за потекло на имот, Ковачевски рече дека се работи на овој закон заедно со претставници од ЕУ и дека е вклучен и Кабинетот за борба против корупцијата на ниво на експертиза. Штом ќе биде готов, ќе биде поднесен, рече Ковачевски.

-Ама и без тој закон, имате процеси кои застанале. Таму треба да се бара одговорот зошто се застанати, рече Ковачевски.

Тврди дека се што е до Владата, било процесирано и дека нема ниту еден документ застанат во Владата.

– Секогаш кога некој ќе побарал нешто во Владата, секогаш било доставено. Не заборавајте два генерални секретари на Владата се на суд, рече Ковачевски.

Премиерот повторно се обрати до опозициската ВМРО-ДПМНЕ со прашање во чија фиока стојат предметите поврзани со нив и дали за еден, како што рече, „потазе случај се јавувале кај бившата обвинителка… кај еден од обвинителите што не се на функција“.

-Дали има еден предмет што го шетале меѓу три обвинители?  Зашто го шетале меѓу три обвинители за да се падне кај некој кој ќе го сочува некаде? Ова се прашања на кој што тие треба да одговорат, рече Ковачевски. 

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Аеродром „ита“ накај 800 активни случаи на Ковид-19: Детален преглед по скопските општини

Редакција

(Фото) Македонија на исток граничи со Албанија, а на запад со Бугарија: Грешки и лоши преводи во новиот учебник по Историја и општество

Редакција

Нови 561 случаи на Ковид-19 од 1.901 тестирање

Редакција