еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски објасни зошто МРТВ не се емитува во Бугарија

Премиерот Димитар Ковачевски планира да закаже состанок со директорот на Македонската телевизија за да се види каков договор е потпишан, како оди сигналот надвор и каква услуга добива нашиот национален сервис во делот на емитувањето на програмата во други држави.

-Потпишан е договор за емитување на Бугарската телевизија кај нас и за нашата телевизија во Бугарија што и било направено тогаш, но во меѓувреме, и ова е прашање што мора да му се постави на директорот на Македонската телевизија и раководството, бил раскинат договорот за сервисот преку кој можат да го преземат сигналот други држави од Македонската телевизија.

Тие склучиле некаков договор кој технички треба да се објасни, давателот на услуги не овозможува бесплатно симнување на сигналот од страна на оператори во други држави. Проблемот е креиран од порано.

Јас разговарав со дел од институциите задолжени за медиумската сфера и за ова прашање планирам да свикам состанок со директорот на МРТВ на кој ќе присуствуваат и други институции за да се види каков договор потпишале, како оди сигналот надвор и каква услуга добива нашиот национален сервис во делот на емитување на програмата во други држави.

Да провериме дали и во други држави има можност да се симне сигналот на Македонската телевизија и таму да биде гледан од страна на нашите граѓани, рече Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

БНТ се емитува во Македонија, а МРТВ не во Бугарија, Ковачевски ќе прашал зошто

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За еден час работа во ЕУ најмногу се плаќа во Луксембург, 50,90 евра, најмалку во Бугарија, 8,20 евра

Редакција

Трајанов ја отфрла можноста за вмешаност на странски разузнавачки служби во бегството на Мијалков

Редакција

Кои се старо-новите министри на СДСМ: Тупанчевски за правда, Петровска за одбрана, Грковска вицепремиер за борба против корупцијата

Редакција