Премиерот Димитар Ковачевски утре во Клубот на пратениците ќе одржи средба со партнерите од владината коалиција, потврдија за МИА од Владата.
Станува збор за редовна средба за тековните активности и политички случувања.
Во пресрет на утрешната средба, како што информираат од СДСМ, вечер седници ќе одржат Централниот и Извршниот одбор на оваа партија.
Од Владата и од СДСМ дополнително ќе информираат за времето на седниците на ЦО и ИО и на средбата на премиерот со коалциските партнери.
МИА/Фото: Влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.