еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ: Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик

ВМРО-ДПМНЕ не бира ниту средства ниту начин за да го сврти вниманието на јавноста од големите корупциски скандали и превирања во нивната партија. Тоа само потврдува дека се она што го гледаме во јавноста изминатата недела е вистина и ВМРО-ДПМНЕ се наоѓа во огромна криза, пишува премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски во реакцијата по објавувањето на документ од страна на ВМРО-ДПМНЕ кој, како што тврдат од партијата, докажува дека тој е или трајно неспособел или лажел за да не служи воен рок.

Ковачевски додава дека како претседател на СДСМ никогаш нема да дозволи политичката дебата да падне толку ниско како што посакува ВМРО-ДПМНЕ и оти културно ќе одговори на лагите и навредите.

-Никогаш ниту сум избегнувал, ниту бегал од одговорноста за служење на воениот рок. Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик и последователна хируршка интервенција од пред 20 години за да го прикријат својот срам и криминал. Но, не сум изненаден.

Не сум изненаден и за сите други лаги, клевети, лажни вести и манипулации од ВМРО-ДПМНЕ. Тие не се менуваат, а скандалите во Град Скопје само потврдуваат дека не само што партијата не е реформирана, туку дополнително криминализирана. Граѓаните тоа го гледаат и самите ќе судат, наведува Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ објави документ за Ковачевски

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Ковачевски дезертирал во воениот конфликт во 2001, прикажувајќи се како трајно неспособен

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска на МРТ 1 прво и единствено соочување на сите кандидати за претседател

Редакција

Попладне нестабилно со услови за дожд, утре намалување на температурите за неколку степени

Редакција

Каков имот пријавиле уставните судии: Јосифовски со сопругата имаат два стана, а вози Мерцедес бенз

Редакција