еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ објави документ за Ковачевски

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција објави документ кој, како што велат од партијата, покажува дека премиерот Димитар Ковачевски го избегнал отслужувањето на воениот рок, правдајќи се со лекарско мислење дека е трајно неспособен за служење војска.

-Ова е документот, извадок од евиденциона книга на АРМ, објавен на социјалните мрежи. Од овој документ јасно се гледа дека Ковачевски од страна на лекари е прогласен за трајно неспособен.

Ова води до два заклучока. Или Ковачевски го злоупотребил влијанието на татко му кој тогаш бил градоначалник на Куманово и партиски функционер на СДС и добил лажно лекарско мислење, или тој навистина е трајно неспособен, изјави на денешната прес-конференција Драган Ковачки, пратеник и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, доколку Ковачевски не лажел и не се служел со измама, тогаш, како што нагласи, ние за премиер на државата имаме трајно неспособен човек, а самата дијагноза кажува дека неговата неспособност не може да се отстрани, т.е. дека таквата состојба кај него е трајна, што значи дека може само да се влошува.

-Доколку Ковачевски лажел за својата здравствена ситуација, тогаш ние на чело на државата имаме патолошки лажго. Ако лажел да избегне служење војска правејќи се трајно неспособен, тогаш не можеме ниту да претпоставиме за што се друго би лажел.

Доколку пак Ковачевски навистина е трајно неспособен, не знаеме дали таа состојба кај него прогресирала и дали тој е целосно функционален да ги извршува државничките задачи, рече Ковачки, повикувајќи го Ковачевски да си даде оставка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ковачевски за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ: Само нечесни и уплашени луѓе злоупотребуваат нечиј здравствен предизвик

Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Ковачевски дезертирал во воениот конфликт во 2001, прикажувајќи се како трајно неспособен

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Немаме предлози за потпретседатели на СДСМ, партијата е отворена за нови луѓе, вели Заев

Редакција

(Фото) „Немавме контакт со талибанци“: Почнаа да пристигнуваат македонските граѓани евакуирани од Авганистан

Редакција

Граѓаните кои ја примија „АстраЗенека“ не треба да испитуваат крвна слика заради превенција, вели Филипче

Редакција