еМагазин
Image default
Македонија

Граѓаните кои ја примија „АстраЗенека“ не треба да испитуваат крвна слика заради превенција, вели Филипче

Нема простор за паника, вакцината „АстраЗенека“ е безбедна и граѓаните треба да бидат спокојни, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче на прашањето на МИА на што треба да внимаваат оние граѓани кои примија вакцина „АстраЗенека“, и дали тие треба да направат некаква контрола или крвна слика и како да ги препознаат симптомите на нус појавите од вакцината.

„Не, нема никаква препорака дека било кој граѓанин кој примил таква вакцина треба да прави нешто во смисла на превенција.

Во делот на давањето вакцина, како што кажав, ќе ги чекаме препораките, меѓутоа нема простор за паника, вакцината е безбедна, тие тромботични ефекти се толку ретки што се споредуваат со тромботични ивенти и кај тие исти групи на граѓани според возраста и полот и согласно други здравствени состојби така да граѓаните треба да бидат спокојни,“ одговори Филипче.

Тој информираше дека околу 20 отсто од веќе закажаните не се јавуваат на вакциналните пунктови, а за одзивот на пријавените во салата „Борис Трајковски“ ќе се знае денеска.

Многу е тешко сега да се каже дали тоа се должи на дилемата што произлезе во однос вакцината на „АстраЗенека“. Таа сега им се дава на повозрасни граѓани и нема никаква контраиндикација.

Вакцинацијата продолжува и нема причина да запре, додаде министерот, а се чекаат насоки дали оваа вакцина ќе им се дава и на помлади од 60 години.

– Ние ќе го чекаме официјалниот став на Европската агенција за лекови – ЕМА, чиј борд ќе заседава помеѓу 6 и 9 април и, согласно одлуката, и ние ќе постапиме. Засега добро се одвива вакцинацијата на постари граѓани со „АстраЗенека“ и нема никаква контраиндикација или некоја препорака за внимателност, рече Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

28-годишната девојка која беше во болница поради тромбоза по примена вакцина „АстраЗенека“ е добра, ќе биде пуштена дома

„АстраЗенека“ е една од најквалитетните и најбезбедните вакцини, им ја препорачувам и на најблиските, вели Грозданова

Со „АстраЗенека“ се превенираат 30.000 починати од Ковид-19 на еден милион луѓе, наспроти еден од тромбоза вели Петличковски

Пановски: Од „Фајзер“ има 1,5 смртен случај на 100.000, а од „АстраЗенека“ еден случај на 100.000

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Седумгодишно дете од Прилепско лажно пријавило бомба во училиште

Редакција

Вкупно 1.511: Најмал број на заболени од корона вирусот од почетокот на епидемијата, регистрирани само петмина

Редакција

Албанската православна црква го признава името „Охридска“ во називот на МПЦ-ОА

Редакција