еМагазин
Image default
Македонија

Ковид-19 ги исполни капацитетите на струмичката болница, директорот бара дополнителен персонал

Зголемениот број на заразени од Ковид-19 целосно ги исполни сместувачките капацитети во струмичката болница, дури и тие кои беа дополнително отворени, информира директорот Наќе Гогов.

Покрај Инфективното одделение, кое е веќе полно и таму се лекуваат 15 пациенти со полесна клиничка слика, пополнет и дополнителниот од 13 кревети, кој беше отворен во поранашените хируршки амбуланти.

-Планираме да ги прошириме капацитетите со поставување на уште шест-седум кревети во другите амбуланти, кои се веднаш до хируршките. Но, засега најголем проблем ни е персоналот и тоа како лекари, така и сестри. Ги немаме доволно за да ја покриваат работата во овој оддел на Инфективното одделение, вели директорот Гогов.

Тој вчера побарал помош од заменик-министерот за здравство за обезбедување персонал за да се пополнат празните места за да може да се лекуваат ковид-пациентите.

-Со постојниот персонал повеќе не можеме и неиздржливо е да се постигне потребниот обем на работа. Веќе од среда очекувам да ни биде испратен дополнителен персонал за да може да се покрие и новиот простор што треба да се отвори за сместување на пациенти, додаде Гогов.

Инаку, проблемот добива уште повеќе на тежина, бидејќи двајца лекари, три медицински сестри и двајца административци од струмичката болница се позитивни на Ковид-19 и се во домашна изолација.

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски со сопругата ќе присуствуваат на погребот на кралицата Елизабета втора

Редакција

142 нови случаи на Ковид-19 од 1.997 тестови, 25 се реинфекции

Редакција

Бугарија и денес не го прави тоа што треба да го прави како сосед, порача на Денот на победата над фашизмот, претседателот на Сојузот на борците

Редакција