еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Креаторот на апликацијата „Мој воздух“ со нов проект „Да Разјасниме“: Прво досие Договорот со Грција

Креаторот на апликацијата Мој воздух, Горјан Јовановски креираше нов проект „Да Разјасниме“ кој е наменет за зголемување на јавното разбирање околу битни теми за што ја засегаат Македонија.

„Ме потикна големата дебата околу престојниот референдум и договор со Грција. Многу дискусија, но многу малку луѓе го имаат прочитано или разбрано самиот договор. Така се роди Да Разјасниме! Како и со МојВоздух, така и со овој проект, цел е едуцирање на јавноста околу комплексни теми кои што не се најдобро објаснети од други извори (или се политички извртени кон една или друга страна).

Како прво досие кое што го разјаснуваме, без да заземаме страни, заедно со доценти го разглабивме договорот направен со Грција, за да ги извлечеме сите битните факти од него и да ги претставиме на лесен и разбирлив начин.

Секое мислење е добредојдено, и се надевам дека сите ќе го прочитате нашето прво досие (како и целосниот договор), за да се развива квалитетна и едуцирана дискусија на вакви комплексни теми!“ вели Јовановски за овој проект.

Повеќе за Горјан Јовановски прочитајте ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Големи филмски имиња снимаат во Македонија

Редакција

Три нови медали за вината на „Тиквеш“ и „Домен Лепово“

Редакција

И Атиџе на фестивалот „Денови на македонскиот мед 2020“

Редакција