„Креди Јес“ е друштвото за брзи кредити на кое Министерството за финансии му је одезеде лиценцата

Порталот Фактор објави дека „Креди Јес“ (Credi Yes) е големото финаниско друштво за брзи кредити на кое Министерството за финансии трајно му ја одзеде дозволата за работа.

Како што информираа од Министерството, друштвото останало без лиценца оти грубо не ги почитувало законите, а и дека применувало практики со кои директно ги довело во ризик граѓаните кои ги користеле неговите услуги.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерството за финансии трајно одзеде дозвола за работа на големо финансиско друштво, ама не кажа кое

Надзор таму бил направен по пријава на граѓанин.

Како што пишува Фактор зад „Креди Јес“ стојат сопственици од Бугарија.

Истото сега ги затвора своите 40-тина филијали низ Македонија. Во него работеле околу 120 вработени кои добиле известување дека работењето е прекинато.

„Креди Јес“ ќе има право како понатамошна активност да ги наплаќа своите побарувања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кое е друштвото за брзи кредити „Креди Јес“, кое остана без дозвола

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести