еМагазин
Image default
Бизнис

Кристал 1923 со намалена добивка во првите девет месеци

Во период од 01.01.2022 година до 30.09.2022 година ПИ Кристал 1923 АД Велес оствари добивка во износ од 19.665 илјади денари, додека во истиот период од претходната година имаше добивка во износ од 75.119 илјади денари, информираат од Друштвото преку Македонската берза.

-За девет месеци оваа година се остварени вкупни приходи во износ од 738.671 илјада денари и во однос на лани за истиот период се зголемени за 38%.

Поголем дел од приходите се од домашен пазар. Приходите од странски пазар во однос на претходната година се значитело зголемени.

Расходите за девет месеци оваа година изнесуваат 719.006 денари и во однос на претходната година се зголемени за 58%.

Од напред наведеното може да се заклучи дека зголемувањето на приходите во однос на зголемувањето на трошоците е помало за 20%, и како резултат на помал пораст на приходите во однос на трошоците имаме намалување на добивката во однос на претходната година, велат од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес ќе го откупи вкупното производство на сончоглед во земјава

„Бане Комерц Трејд“ купи акции во “Кристал 1923“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Највисоки просечни нето-плати во март

Редакција

ЈП „Железница-инфраструктура“ вработува 15 лица, плата до 27.378 денари

Редакција

Виз ер ќе лета од Скопје до Барселона до 26 октомври

Редакција