еМагазин
Image default
Балкан

Кристофер Хил: Макрон го предаде Балканот

Кристофер Хил, поранешен американски помошник државен секретар за Источна Азија и амбасадор на САД во Ирак, Јужна Кореја, Македонија и Полска во својата нова колумна за „Проџект Синдикат“ се осврна на најновите случувања на Балканот по блокадата на Франција на доделување датум за почеток на пристапните преговори на Македонија и ЕУ.

Неговата колумна Ви ја пренесуваме во целост:

„По падот на Берлинскиот ѕид пред 30 години западните лидери континуирано го истакнуваат ставот дека не постои проблем на Европскиот континент што не може да биде решен преку залагање заедно со Европската унија или со проширување на европскиот проект. Но, таа долгогодишна слика се чини дека се менува како резултат на комбинацијата на внатрешните проблеми во ЕУ и американската индиферентност.

Може се чини чудно кога Соединетите Држави охрабруваат членство во нечиј друг клуб. Но, од лидерската позиција во НАТО, која претставува водечка европска безбедносна организација, САД отсекогаш биле поддржувачи на европските напори за консолидација на политичката и економската унија на Континентот.

ЕУ од своја страна, пак, прифати дека членството во блокот е логична аспирација на земјите од поранешниот Советски Сојуз на нејзината периферија. И додека се чини дека продлабочувањето и проширувањето на структурата на ЕУ се покажа дека е многу потешко од она што многу набљудувачи од САД го имаат согледано, европските лидери продолжија најмногу затоа што се очекување од нив во контекст на историјата по студената војна.

Но, Европскиот совет одржан на 17 и 18 октомври потврди дека нешто се сменило: францускиот претседател Емануел Макрон ја донесе својата судбоносна одлука да ги блокира пристапните разговори на Албанија и Северна Македонија со ЕУ.

Со Велика Британија која заминува од ЕУ и провлекувањето на германската канцеларка Ангела Меркел од политиката, Макрон се промовира во следниот европски лидер. Но, неговото размислување за прашањето на проширување на ЕУ е нејасно.

Многумина дури и во Балканот каде постои размислување за конспирации сметаат дека Макрон едноставно нема апетит за отворање на еден тежок процес за прифаќање на уште две нови членки од регионот кој се уште е со проблеми поради внатрешните предизвици со кои се соочува ЕУ.

Сепак, разочараноста па дури и бесот околу одлуката на Макрон може да се почувствува во Тирана и Скопје. Северна Македонија штотуку ја заврши промената на името за да ја смири Грција која го блокираше нејзиното членство поради тоа што смета дека името на земјата е премногу слично со името на грчкиот регион Македонија.

Во меѓувреме Бугарија која е исто така уште една членка на ЕУ исто така ја фрустрираше Северна Македонија обвинувајќи ги Македонците за присвојување на бугарските национални херои и барајќи промена во учебниците по историја.

Соочен со ваквите барања и борејќи се со наследената корупција оставена од неговиот претходник (кој чудно сега најде азил во Унгарија), новиот и неискусен премиер на Македонија, Зоран Заев заклучи дека неговата земја треба итно да влезе во НАТО и ЕУ. Тој брзо го реши долгорочниот спор со името, ги нормализира односите со Грција, ги смири Бугарите и аплицираше за членство.

Тој знаеше дека промената на името нема да помине добро на анкетите, бидејќи многу Македонци гледаат на тоа како на понижување кое може да биде оправдано само со пристапување во ЕУ. Но, бидејќи и НАТО и ЕУ го посочија проблемот со името како главна пречка за членството, тој и македонската јавност имаа високи надежи за пристапување во двете организации.

НАТО од своја страна се придржуваше на ветеното иако некои членки се уште тоа треба да го одобрат, се очекува Северна Македонија да стане полноправна членка на НАТО на Самитот на Алијансата во декември. Но, процесот на пристапување во ЕУ е многу побавен. Макрон кој кажува многу малку за темава, се чини е загрижен дека континуираното проширување на Унијата ќе ја направи реформата на нејзината управувачка структура многу потешка.

Но, со газејќи на сопирачките го ставил Заев во незавидна позиција. Гласачите на Северна Македонија со уништени надежи ќе се вратат на избирачките места за парламентарните избори во април.

Во минатото би се очекувало Соединетите Држави да стапат на сцена. Но, во контекст на недефинирата надворешна политика на американскиот претседател Доналд Трамп, ситуацијата на малите и далечни земји како Северна Македонија и Албанија едвај се гледаат. Се разбира, можно е Трамп да е уморен од моќта на францускиот претседател и ги поздрави неодамнешните критики за него со чувство на schadenfreude (уживање во туѓата несреќа). Можно е и Трамп да не сака Албанија и Северна Македонија да се приклучат на ЕУ. Но, многу поверојатно е дека тој едноставно не знае што се случува на Западниот Балкан.

Само пред неколку години Соединетите американски држави без двоумење би работеле со ЕУ на олеснување на пристапниот процес за двете земји. Иако членството во ЕУ нема да им ги реши проблемите, тоа ќе помогне да се адресираат институционалните слабости и ќе прати сигнал на реваншистичка Русија дека геополитичката игра на Балканот се приближува до својот крај.

Имајќи ги предвид траумите на регионот во изминатите 25 години, Америка и Европа имаат обврска да ги исполнат ветувањата од периодот по крајот на Студената војна“.

МИА/Фото:Youtube/Carnegie Council for ethics

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Француската ревија за вино со осврт кон „македонски“ и „Македонија“ како географска ознака за производите

Редакција

(ВИДЕО) Вознемирувачки сцени од протестот во Белград

Редакција

Снимки од дрон по катастрофалните земјотреси во Албанија

Редакција