еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за битолчанец што преку Фејсбук упатил закани по живот

Секторот за внатрешни работи Битола и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи во координација со Основното јавно обвинителство-Битола презедоа мерки и активности поради споделена објава со закани по живот на социјалната мрежа Фејсбук од страна на О.Ј. (40) од Битола, односно поради основано сомнение за сторено кривично дело по чл.144 „Загрозување на сигурност“ од Кривичниот законик на Република Македонија, соопшти МВР.

На 14.01.2019 лицето О.Ј. е повикано на службен разговор во полициска станица, а одземени се и предмети со цел прибирање на докази. По документирање на случајот, против О.Ј. ќе биде поднесена кривична пријава.

„Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваме сите граѓани кои се изложени на вакви закани или сведочат вакви закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]“, велат од МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Инцидентот во Техномаркет во Скопје се случил во септември, напаѓачите се приведени

Редакција

Општина Дојран се вклучува во општествено одговорната кампања на „Макпетрол“

Редакција

МВР: Нормализиран сообраќајот на граничниот премин Ново Село-Златарево

Редакција