Надворешната канцеларија за криминалистички работи Дебар поднесе кривична пријава против И.В.(31) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,криумчарење“, информира МВР.
На 09.03.2018 во Дебар полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген шаран“, сопственост на пријавениот, при што пронашле и одзеле разновидна прехранбена стока, без соодветна документација во вредност од 467.920 денари, која претходно ја пренел од Република Албанија на граничниот премин Блато.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.