еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Боки 13 ги виде доказите за „Рекет“: Не е јасно зошто не му го дале исказот на Зоки-Кичеец

Во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска, провосомничениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски заедно со неговиот адвокат Сашо Дуковски извршија увид во дел од доказите за слчајот.

Дуковски нагласи дека е извршен увид на сите докази кои се готови до денеска, посочувајќи дека има одредени докази што  од технички причини не се готови.

„Гледавме се што е во јавниот обвинителски предмет. Сметам дека ова требаше да биде направено многу порано во текот на истрагата, но никогаш не е доцна, така што ете вршиме увид и ќе продолжиме  во наредните денови да  вршиме увид на по закон предвиден начин обвинетиот, односно осомничениот и јас.

Иако е веќе донесена одлука за завршување на истрага, малку невообичаена  позиција, но сепак е подобро отколку воопшто да не се изврши увид во целокупниот материјал затоа што таму не беа само докази него имаше и други работи коишто најверојатно нема да продолжат да бидат користени како докази во оваа постапка“, наведе адвокатот.

Според него три и полчасовното извршување увид не значи обемен материјал и оти станува збор за материјали кои во голем дел веќе ги знае јавноста и дека не видел искази на политичари.

„Па јас не знам што се јавноста видела.  Да, во голем дел да, исказ на некој сведок,  парични средства. Тоа да. Тоа можам да ви го кажам затоа што цела Македонија и пола свет го виде, другото би  се воздржал од понатамошно коментирање на материјалите што беа гледани денеска“, истакна Дуковски.

За тоа дали има докази во рамки на истрагата и за Меѓународниот сојуз, Дуковски рече дека може да коментира само за конкретната постапка.

„Јас можам да коментирам само за конкретната постапка што се води за Бојан Јовановски. За тоа дали ќе има некаква истрага, дали таа истрага ќе биде против Меѓународниот сојуз или против некое трето правно лице  или против некои трети физички лица, тоа е исклучиво и само исклучиво работа на овластениот тужител, во овој случај обвинителот од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.  Ако тој обвинител смета дека има доволен квантум на основи на сомневање ќе  покрене постапка. Јас тоа не можам да го коментирам“, истакна Дуковски.

Тој потенцира дека не му е јасно зошто не им било дозволен увид во записникот за сослушување на осомничениот Зоран Милески, со образложение дека тоа може да го побараат од неговите бранители, што, како што рече Дуковски, за мене е неразбирлива позиција затоа што веќе истрагата е готова.

Дуковски посочи дека дополнително ќе одлучат дали во иднина на доказите ќе вршат увид заедно, а оти за денеска смета дека било неопходно да биде присутен и Бојан Јовановски.

Првоосомничениот Јовановски и третоосомничената во „Рекет“, поранешната специјална обвинителка Катица Јанева остануваат во притвор во КПУ – Затвор Скопје, додека второосомничениот Зоран Милески – Кичеец со одлука на судот од вчера е префрлен во домашен притвор.

Дуковски за  второосомничениот Зоран Милески, за кого не го добиле записникот од сослушувањето напомена дека, колку што е информиран, Кичеец се брани со молчење.

МИА/Фото:Фејсбук/Боки 13

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе биде ли Зоки-Кичеец сведок против Боки 13 и Катица Јанева во случајот „Рекет“?

Обвинителството до адвокатот на Боки 13: Исказ може да се даде и во законскиот утврдениот рок кога се врши увид во доказите

Заврши истрагата за Боки 13, Јанева и Кичеец за „Рекет“ во делот за Камчев

(ВИДЕО) Боки 13 донесен во Обвинителството на распит за „Рекет“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тендер „тежок“ 208.000 евра: „Аиркон“ ќе го реконструира системот за ладење во владиниот објект „Нова Македонија“

Редакција

Убава вест: Оздравени 12 пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.694

Редакција

МНТ хуманитарно ќе го обележи роденденот, парите од преставите одат за Леонид

Редакција