еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за незаконска екплоатација на минерална вода

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против едно физичко лице во својство на одговорно лице и сопственик на правното лице Сун анд старс ДОО експорт – импорт од Тетово, едно физичко лице во својство на одговорно лице во правното лице Сун анд старс ДОО експорт – импорт од Тетово, како и против ова правно лице поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „Незаконска експлоатација на минерални суровини“ од член 225-а ст.1, в.в со став 2, а в.в со член 22 и член 45 на КЗ на РСМ.

Првопријавеното лице заедно со второпријавеното лице во својство на одговорни лица и сосопственици на третоопријавениот правен субјект Сун анд старс експорт – импорт од Тетово, искористувајќи ист траен однос и исти прилики, во период од 01 јануари 2017 година до 31 декември 2020 година, како што стои во соопштението од Управа за финансиска полиција вршеле незаконска експлоатација на минерални суровини-минерална вода определени со закон.

– Спротивно на член 9 од Договорот за концесија за експлоатација на минерална вода на локалитетот “с.Првце”, Општина Теарце склучен во 2015 година, спротивно на член 53 став 1 од Законот за минерални суровини и спротивно на член 26 од Законот за води, пријавените, без да ги обезбедат законски предвидените Дозволи за користење на води, за испуштање на вода и за експлоатација на минерални суровини, изворите на минерални води ги експлоатирале, водата ја полнеле во шишиња и истата ја ставиле во промет, со што се стекнале со противправна имотна корист, од продажбата на флашираната вода „Шарпланинска вода- Iam Scardica water“ во износ од 28.659.312 денари, соопштија од Управата за финансиска полиција.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР поднесе кривична пријава против двајца рекетари од Охрид

Редакција

Бесплатно мерење на вкупни масти, шеќер во крвта и притисок во Градски парк

Редакција

Две момчиња „оперирале“ во радовишко: Шест месеци краделе нафта од багери, камиони, булдожери…

Редакција