еМагазин
Image default
Локално

На почетокот на јули ќе се одржи подготвително рочиште за раскинување на договорот за изградба на катна гаража кај „АвтоМакедонија“

На 5 јули оваа година, во просториите на Основниот граѓански суд Скопје ќе се одржи подготвително рочиште за раскинување на договор поврзан со купопродажбата на државното градежно земјиште со јавно наддавање, односно просторот кај паркингот до „АвтоМакедонија“, во Градски Ѕид.

Општина Центар информира дека земјиштето било отуѓено примарно од страна на Министерството за транспорт и врски во 2012 година, за што бил склучен и Договор помеѓу Министерството и Никофон Дооел. Со Одлука на Владата од декември 2018 година, овој договор беше предаден на надлежност на Општина Центар.

Одговарајќи на прашањата во вчерашното гостување на „Само Вистина“ на Канал 5, но и на гостувањето на „Топ Тема“ на Телма, градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, информираше дека самиот сопственик на земјиштето поднел барање за раскин на договорот и дека предметот во моментов се наоѓа во суд.

Од Општината велат дека  реализацијата на договорот со тек на време станала неизвесна и невозможна и преземени се чекори за раскинување на договорот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бигорски манастир ќе добие нов гостински конак

Редакција

МВР го расветли случајот со опожарените возила во Ново Лисиче

Редакција

Нападната жена во трговски центар во Скопје

Редакција