Секторот за внатрешни работи Штип поднесе кривична пријава против З.М.(39) од село Таринци, Карбинци, за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување”, информира МВР.
Во периодот од 26.04.2017 до 08.05.2017 година, пријавениот, како градоначалник на општина Карбинци, во повеќе наврати, од фирма од Штип, извршил набавка на варовничко андензитски дробен камен, без да спроведе постапка за јавна набавка, со што овозможил наведеното правно лице да се стекна со противправна имотна корист од 74.340 денари на штета на буџетот на општина Карбинци.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.