еМагазин
Image default
Македонија

Кривична против полициски службеник од Неготино за оддавање на службена тајна 

Одделението за внатрешни работи Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С. К. (24) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член 353 од Кривичниот законик.

– По преземени оперативни мерки и активности било утврдено дека пријавениот-вработен како полициски службеник, давал информации на криумчари на мигранти каде има полициски патроли или ако тој бил на задача свесно ги пропуштал.

Тој бил лишен од слобода и предаден во Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал.

На С.К. му е одредена мерка притвор, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ревакцинирани 47% од полнолетните граѓани, 56.349 примиле трета доза

Редакција

Во Софија нов состанок на заедничката македонско-бугарска Комисија за историски прашања

Редакција

Лидерите на Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Редакција