еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за возачот на министерот Бесими

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава за возачот на министерот за финансии, Фатмир Бесими, кој завчера предизвика сообраќајка пред Владата, поминувајќи на црвено светло.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Возачот на министерот Бесими ја предизвикал сообраќајната несреќа кај Влада

“СВР Скопје – Единица за безбедност на патниот сообраќај до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Ј.Б.(38) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста во сообраќајот“ по член 297 од Кривичниот законик.

Пријавениот, на 07.02.2022 околу 19.15 часот, управувајќи патничко возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки на бул.„Св.Климент Охридски“ во Скопје, не застанал на вклучено црвено светло на семафор и кога навлегол во крстосницата со бул. Илинден удрил во патничко возило „киа“, управувано од А.Т.(36) од Скопје, кое од ударот го променило правецот и удрило во патничко возило „фиат“, управувано од Д.П.(45) од Скопје.

Во несреќата со повреди се здобиле Ј.Б. и сопатникот од патничкото возило „шкода“, Б.Љ.(35) од Скопје, кои со возило на Итна медицинска помош се пренесни во Комплексот клиники „Мајка Тереза““, велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Министрите Бектеши и Бесими доживеале сообраќајна несреќа кај Владата, нема потешко повредени

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ВМРО-ДПМНЕ најави блокада на Собранието ако власта не повлече 12 закони со европско знаменце

Редакција

(Видео) Атиџе ги живее своите ѕвездени моменти во Холивуд

Редакција

(ВИДЕО) Во Грција на Санторини поставени првите лежалки заштитени со плексиглас

Редакција