еМагазин
Image default
Локално

Кривични пријави за две лица коишто организирале забави во викенд-куќи на Тиквешкото езеро

ОВР Кавадарци поднесе две кривични пријави против А.В.(22) и Р.Ј.(20), двајцата од Кавадарци, поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“, информира МВР.

„На 03/04.04.2021, во временскиот период од 23.00 до 02.00 часот, пријавените во засебни викенд куќи лоцирани на Тиквешкото езеро, во место викано „Брушани“, организирале забава со гости во група поголема од дозволеното, во временски период кога има забрана за организирање и групирање на поголема група на лица, согласно донесената владина одлука за заштита од Ковид-19“, соопшти МВР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец пукал кон момчиња по расправија за долгови

Редакција

Штипјанец пронајден мртов во близина на селото Чардаклија

Редакција

Тепале полицаец пред кабаре во Охрид

Редакција