еМагазин
Локално

Кривични пријави за тројца скопјани за напад на полицајци

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против З.З.(32), Б.З.(32) и О.З.(51) сите од Скопје поради основано сомнение дека сториле кривично дело „Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”, предвидено и казниво по член 383 од КЗ на РМ, информира МВР.

На 15 септември годинава околу 20,00 часот пријавените на улица “Индира Ганди“ во населба Шуто Оризари физички нападнале полициски службеници при обид за подигање на непрописно паркирано возило „Волксваген Пасат“. Исто така првопријавениот со возилото ги удрил полициските службеници.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца повредени при експлозија на противградна ракета

Редакција

Галичани спречени празниците да ги поминат во Галичник: Патот е непрооден веќе неколку недели

Редакција

(Видео) Намерно запалена платформата на Смоларски водопад, пристапот е забранет

Редакција