еМагазин
Image default
Бизнис

Кукутанов природни вина со богат вкус за комплетно уживање!

Доколку сте од оние кои преферираат квалитетно вино и сакаат да уживаат во секоја негова голтка, тогаш треба да ги пробате вината Кукутанов.

Ги карактеризира природен, раскошен вкус, мек и топол, збогатен со зрела цреша и црна слива, со долг финиш на чоколадо. Црвеното вино Мерлот од винарија Кукутанов е вистинско откритие за љубителите на виното.

Доаѓа од природниот и чист радовишки крај од квалитетно грозје произведено на традиционален начин со помош на најновите технологии. Одлични критики за овие вина стигнаа од Винска Визија во Белград, а на скопската Винодонија 2022 беа пријатно изненадување.

“Тајната е во климатските услови во Радовишката котлина кои се идеални за производство на хармонични вина поради изобилството на сончеви денови и постудените ноќи во периодот на зреење на грозјето. Потоа во целокупниот производствен процес во винаријата, од приемот, преку примарната преработка, ферментацијата, до негата и зреењето.

Во користењето исклучиво бочви направени од македонски даб (благун), избран од Готен планина. Од нашето вино не боли глава, можеш да испиеш повеќе и да уживаш со сите сетила”, вели сопственикот на оваа винарија Ѓорѓи Кукутанов.

Со капацитет за производство од 30.000 шишиња годишно, винаријата Кукутанов е нова радовишка винска приказна за која веќе се зборува. За почеток, фокусот е на добропознатото Шардоне, уникатното Розе, добиено од автохтоната сорта на грозје Радовишка (Ж’та) прачка и елегантното Мерло „зачинето“ со радовишки тероар, вина наменети за страсните љубители на винoто.

Вина Кукутанов-треба да се проба!

ПР-објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Иван Туџаров продаде акции од „Реплек“ за 33.000 евра

Редакција

Сите детали: Кој и како од денеска треба да се пријави за снабдување со струја од ЕСМ Продажба по поевтина цена

Редакција

А1 Македонија со поголем удел од Македонски Телеком во вкупниот број претплатници на мобилна телефонија

Редакција