еМагазин
Image default
Локално

Кумановец организирал семејна веселба и пукал од оружје

На 26.12.2020 во СВР Куманово било пријавено дека В.Б. (25) во својата семејна куќа во с. Лопате, кумановско, организирал семејна веселба и пукал со оружје, информира МВР.

Полициски службеници од СВР Куманово во координација со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, каде затекнале околу 30 гости, а пронајдени се и чаури.

Поради постоење на основано сомнение дека В.Б. сторил кривични дела „непостапување според здравстеви прописи за време на епидемија“ по член 206 и „предизвикување општа опасност“ по чл. 288 од КЗ, по целосно документирање на случајот до надлежното обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радовиш доби ново погребно возило по 40 години

Редакција

Жител на Кочани доби 100 дневни глоби од по 20 евра за лажен ПЦР тест​

Редакција

Шилегов: Постојат три опции за Универзална сала, но можен е и референдум

Редакција