еМагазин
Image default
Локално

Кумановската полиција растури собир на мештани во простории на месна заедница

Кумановската полиција по пријава, затекнала група граѓани кои се собрале во објект на месна заедница во кумановска населба и не ги почитувале здравствените прописи за време на епидемија, соопштија денеска од СВР Куманово.

Настанот се случил вчера, во попладневните часови во бараката на месната заедница во населбата „Железничка станица“.

-На 12.01.2021 година во 18.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека во бараката на месната заедница во населбата. Железничка Станица во Куманово има група граѓани кои не ги почитуваат здравствените прописи за време на епидемија.

Полициски службеници излегле на местото и во бараката биле затекнати шест лица со што било утврдено дека се работи за кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, соопштија од СВР Куманово.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пронајдена почината жена на постојка под Железничката станица во Скопје

Редакција

Кумановка приведена при обид да премине граница

Редакција

47-годишен маж загина во сообраќајка кај Струмица

Редакција