еМагазин
Image default
Спорт ТОП СТОРИИ

Квалификации за ЕУРО 24: Македонската фудбалска репрезентација водеше, па загуби од Украина

Македонската фудбалска репрезентација синоќа во Скопје загуби од Украина со 2:3 во квалификациски натпревар за ЕУРО 2024.

Резултатот го отвори Енис Барди во 31. минута од пенал досуден по интервенција на ВАР собата. Девет минути подоцна Елиф Елмас зголеми на 2:0 со прекрасен удар од околу 30 метри откосо.

Целосно различна слика на теренот во второто полувреме. Илја Забарњи во 62. минута намали на 2:1 по вториот корнер за гостите. Јуким Конопља изедначи во 68. минута, Виктор Цигангов во 83. минута го најави целосниот резултатски пресврт.

Од 72. минута нашата репрезентација играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Висар Муслиу (втор жолт картон).

За двете репрезентации ова беше втор натпревар во квалификациите за Европското првенство по кој двете имаат по три бода.

Натпреварот одигран на Националната арена „Тодор Проески“ го следеа околу 20 илјади гледачи.

На вториот натпревар од Ц-групата, Англија како гостин ја совлада Малта со 4:0.

Токму Англија по три дена (19 јуни) на „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе ја пречека македонската репрезентација, додека Украинците ќе се соочат со Малта.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Арбен Таравари објави кандидатура за претседател на Македонија

Редакција

Заемот од 500 милиони евра од Унгарија помина на владина седница

Редакција

Корупција во високото образование постои, но не се пријавува

Редакција