еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лажни сите денешни дојави за бомби во училишта, трговски центри и објекти во Скопје

Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека се лажни сите пријави за подметнати експлозивни направи кои денеска пристигнаа на електронските адреси на 16 училишта, неколку трговски центри и други објекти во Скопје.

-Во 19.10 часот завршија сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 16 средни училишта и пет други објекти во Скопје по добиените пораки на електронски адреси со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението.

Веднаш по добиените пријави, посочуваат од МВР, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави

Според информациите на МВР, во СВР Скопје денеска било пријавено дека на електронските адреси на повеќе средни училишта, како и на МРТВ, Транспортен центар, ГТЦ, Џевахир Сити, ТЦ Ист Гејт, ТЦ Сити Мол пристигнале дојави за наводно поставени експлозивни направи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојави за бомби во училишта, трговски центри, МРТВ и Транспортниот центар во Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца македонски војници се затруле од гас во Словенија додека работеле на отстранување на последиците од поплавите

Редакција

Независен: Социјалдемократи на Северна Македонија ново име на СДСМ?

Редакција

Убава вест: Голема бројка од 95 оздравени пациенти од корона вирусот, вкупно 945

Редакција